Достапни линкови

Русија се заканува со одговор на најавените мерки од Британија


Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков

Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков уште еднаш негираше дека земјата е поврзана со труењето на поранешниот шпион Сергеј Скрипал и дека нема да прифати неосновани обвинувања и ултиматуми. Тој изрази надеж дека најавени мерки од британските власти ќе бидат засновани врз здрав разум, предупредувајќи дека Русија ќе одговори на нив.

Скрипал и неговата ќерка Јулија беа нападнати со нервен гас во британскиот град Салсбури и се наоѓаат во критична состојба. Британскиот премиер Тереза Меј се очекува денеска да ги најави мерките против Русија откако земјата не го испочитува дадениот рок со цел да објасни како нервен гас развиен за време на Студената војна бил искористен за да се отруе поранешниот руски шпион Скрипал во Британија.

XS
SM
MD
LG