Достапни линкови

Турција: Неколку пратеници се степаа во парламентoт


Архивска фотографија. Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган и членовите на Парламентот

Во парламентот на Турција денеска се случи тепачка меѓу пратеници од власта и опозицијата, веднаш по изгласувањето на измените во Изборниот закон, за кои опозиционерите тврдат дека ќе доведат до изборни измами.

По усвојувањето на измените во Изборниот закон, почна расправија меѓу националистичките пратеници и опозицијата. Неколкумина пратеници се степаа, јавуваат турски медиуми.

Со измените е овозможено Високата изборна комисија да спојува избирачки окрузи и да префрла избирачки кутии во други окрузи. Ливчињата на кои нема печат од Изборната комисија и понатаму ќе бидат важечки.

Припадници на силите за безбедност ќе може да влезат на избирачко место по повик на избирач.

XS
SM
MD
LG