Достапни линкови

Напаѓачот од Виена "симпатизер на политичкиот ислам"


Полициски автомобил пред резиденцијата на амбасадорот на Иран во Виена, Австрија, 12 март 2018 година.

Висок австриски официјален претставник за безбедност изјави дека човекот кој бил застрелан во текот на викендот откако прободе војник пред резиденцијата на иранскиот амбасадор во Виена, очигледно имал симпатии за политичкиот ислам.

Михаела Кардес, шеф на јавната безбедност, на прес-конференцијата во Виена денеска изјави дека засега нема повеќе детали за потеклото на 26-годишниот напаѓач или можните мотиви. Материјалот запленет во неговиот дом, како што е компјутер и мобилен телефон и неговите активности во социјалните медиуми, ќе бидат анализирани во наредните денови, рече Кардез.

Во меѓувреме, Министерството за одбрана соопшти дека за време на неговата австриска воена служба во 2012 година, човекот бил регистриран како побожен муслиман. Мажот, роден во Виена, именуван од страна на полицијата како Мохамед Е., го нападна војник пред резиденцијата на иранскиот пратеник на 11 март, прободувајќи го неколку пати со нож.

XS
SM
MD
LG