Достапни линкови

Макрадули: Идната недела почнува со работа новиот филтер во "Дрисла"


Депонијата Дрисла во близина на Скопје.

На 19 март ќе почне со работа новиот филтер во депонијата Дрисла, а веќе е определена и локација за регионална депонија во Североисточниот регион, изјави денеска заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули.

" Апелирам до општините во кои на пример има осум или десет илегагални отпади, да не даваат отпор, туку да ги фатат европските текови и да направиме регионални депонии во кои од ѓубрето ќе правиме профит и од отпадот ќе генерираме работни места кои ќе се грижат на современ европски начин да го менаџираме отпадот", изјави Макрадули на денешната меѓународна конференција за управување со отпад.

Проценките покажуваат дека во државата има меѓу 66 и 88 илегални депонии.

Депонијата „Дрисла“ во Скопје, зимава доби казна од 8.500 евра и обврска до средината на февруари да вгради соодветни филтри во печката во која се гори медицинскиot отпад.

XS
SM
MD
LG