Достапни линкови

Во Сирија евакуирани цивили од источна Гута


Цивили се евакуираат од сириската енклава источна Гута, која е под контрола на бунтовниците

Неколку болни и повредени цивили биле прикажани на национални медиуми во Сирија како ја напуштаат енклавата во источна Гута која е под контрола на бунтовниците. На видеото е прикажана жена која изјавува дека чекала повеќе од една година да биде евакуирано нејзиното болно дете, како и постар маж кој се движел со инвалидска количка.

Руската војска соопшти дека околу 100 луѓе го напуштиле градот Дума кој се наоѓа во регионот Гута, кој е единственото место во близина на Дамаск врз кое контрола има опозицијата.

XS
SM
MD
LG