Достапни линкови

Законот за јазици утре на собраниска седница


Претседателот на Собранието Талат Џафери

Претседателот на Собранието, Талат Џафери на денешната средба со координаторите на пратеничките групи постигнал договор седницата за амандманите на Законот за употреба на јазиците да биде закажана за утре, јавува МИА.

Од Кабинетот на Џафери нема потврда за информацијата, туку посочуваат дека за тоа кои седници ќе бидат закажани ќе биде објавено на веб-страната на Собранието до крајот на денот. Присутни на координацијата потврдиле дека продолжението на седницата ќе биде закажано за утре попладне.

XS
SM
MD
LG