Достапни линкови

Коѕијас наредната недела во посета на Скопје


Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас наредната недела ќе дојде во посета на Скопје, велат од МНР за Радио Слободна Европа. За точниот датум кога се очекува Коѕијас да пристигне во Македонија, од МНР наведуваат дека ќе ги информираат медиумите в петок.

Коѕијас се очекува на шефот на македонската дипломатија Никола Димитров да му ја предаде нацрт-стратегијата која ја подготви Грција за решавање на прашањето за спорот за името. Грчкиот весник „Та неа“ јави дека Коѕијас ќе биде во Скопје на 22 и 23 март.

XS
SM
MD
LG