Достапни линкови

Рочиштето за „Насилството во Центар“ одложено поради болест на обвинет


Обвинителката од СЈО Фатиме Фетаи пред Суд по одложувањето на рочиштето за „Насилство во Центар“ во декември, 2017 година

Рочиште за „Насилството во општина Центар“ во Кривичниот суд денеска беше одложено за 3 април поради боледување на обвинетиот Милан Андоновски. Обвинителката од СЈО Фатиме Фетаи побара да се изрече притвор за Андоновски со цел да се обезбеди негово присуство, бидејќи три пати досега отсуствувал од судењето. Но, судот го одби предлогот како неоснован, при што одбраната достави доказ од лекар.

Во предметот обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова и уште девет лица.

XS
SM
MD
LG