Достапни линкови

Матис во ненајавена посета на Авганистан


Американскиот секретар за одбрана Џим Матис при пристигнувањето во Кабул

Американскиот секретар за одбрана Џим Матис пристигна во Кабул во ненајавена посета со цел да види дали постои можност од преговори меѓу талибанците и авганистанските власти за ставање на крај на конфликтот во земјата. Посетата која не е најавена поради безбедносни причини доаѓа во услови кога САД вложуваат нови ресурси во земјата.

Пред да слета во Кабул, Матис изјави дека САД добиле знаци на интерес од талибанците за започнување мировни разговори. Матис планира да се сретне со авганистанскиот претседател Ашраф Гани и американскиот командант Џон Николсон.

XS
SM
MD
LG