Достапни линкови

Тилерсон: засега без контакти со Пјонгјанг за средбата меѓу Трамп и Ким


американскиот државен секретар Рекс Тилерсон

Соединетите држави се уште немале директен контакт со Северна Кореја за најавениот самит меѓу двете држави за севернокорејската нуклеарна програма, но таков контакт очекуваат. Ова го изјави американскиот државен секретар Рекс Тилерсон кој се наоѓа во посета на Нигерија, последната етапа од неговата турнеја по Африка. Американскиот претседател Доналд Трамп во минатата недела прифати да се состане со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун до мај оваа година.

XS
SM
MD
LG