Достапни линкови

Републиканците сметаат дека немало заговор меѓу Русија и Трамп


Пол Манафорт, поранешен менаџер на кампањата за американскиот претседател Доналд Трамп

Републиканците во Комитетот за разузнавање на американскиот Конгрес соопштија дека соодветната комисија ја завршила истрагата за руската вмешаност во претседателските избори во 2016 година. Таа заклучила дека немало заговор меѓу Кремљ и кампањата на претседателот Доналд Трамп. Нацрт извештајот бил поздравен од Трамп, но отфрлен од демократите во Комитетот. Републиканците соопштија дека се согласуваат оти Русија сакала да влијае врз изборите со ширење пропаганда и лажни вести на социјалните медиуми.

XS
SM
MD
LG