Достапни линкови

Путин: во мешањето на изборите во САД можеби биле Украинци, Татари и Евреи


рускиот претседател Владимир Путин

Неодамнешната сугестија на рускиот претседател Владимир Путин дека Евреите и другите малцинства во Русија би можеле да бидат зад мешањето во претседателските избори во 2016 година предизвикаа реакции во САД. Лигата за борба против клевета изрази надеж дека Путин „брзо ќе ги разјасни“ неговите забелешки направени во интервју за Ен-Би-Си, пред да предизвикаат понатамошна штета врз заедниците што ги посочи. Во интервјуто Путин запрашан за мешање на Русија во изборите рече: „Можеби тие не се ни Руси, туку Украинци, Татари или Евреи со руско државјанство, кои исто така треба да бидат проверени. Можеби тие имаат двојно државјанство или зелени картички или можеби Американците им платиле за оваа работа“.

XS
SM
MD
LG