Достапни линкови

Американскиот помошник државен секретар Мичел во Македонија


Американскиот помошник државен секретар за Европа и Евроазија Вес Мичел

Американскиот помошник државен секретар за Европа и Евроазија Вес Мичел денеска доаѓа во посета на Македонија на разговори на кои, како што вчера изјави шефот на македонската дипломатија Никола Димитров, прашањето за името ќе биде една од главните теми. Од македонска страна, посочи Димитров, ќе биде поставено и прашањето за шансите Македонија годинава да стане дел од НАТО, за динамиката на одлуките на Самитот на Алијансата во јули оваа година, како и некои други прашања во контекст на перспективите на регионот. Мичел во Македонија доаѓа по посетата на Косово каде што, меѓу другото, предупреди на „деструктивната улога“ на Русија на Балканот, обвинувајќи ја Москва дека ги поткопува демократските институции во регионот.

XS
SM
MD
LG