Достапни линкови

Вашингтон ја осуди „деструктивната политика“ на Русија на Балканот


Американскиот помошник државен секретар за Европа и Азија Вес Мичел предупреди за „деструктивната улога“ на Русија на Балканот и ја обвини Москва дека ги „поткопува“ демократските институции во регионот.

„Гледаме дека Русија игра се подеструктивна улога во голем дел од Балканот, како дава дезинформации, поткопувајќи ги демократските институции. Им кажавме јасно на Русите дека тоа не е во нивни интерес ниту во интерес на луѓето во регионот“, изјави американскиот дипломат пред новинари по средбата со косовскиот претседател Хашим Тачи.

Изјавата ја даде по помалку од три недели по посетата на Белград на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров кој го обвини Западот дека создава тензии во регионот.

Вес Мичел е денеска во Приштина во рамки на посета на балкански држави, која ќе трае до 17 март при што ќе ги посети Скопје, Белград, Атина и Никозија.


XS
SM
MD
LG