Достапни линкови

Хејли: Ако не дејствуваат ОН, ќе дејствува САД во Сирија


Амбасадорката на САД во Обединетите Нации Ники Хејли денеска предупреди дека доколку Советот за безбедност на ОН не успее да дејствува во Сирија, Вашингтон е подготвен да изврши напади врз сириската база, доколку биде потребно.

„Тоа не е патот што го преферираме, но тоа е пат за кој покажавме дека по него ќе тргнеме и подготвени сме да тргнеме повторно“, изјави Хејли во Советот за безбедност на ОН.

Предупредувањето на Хејли дојде откако САД побараа од Советот за безбедност да инсистира на итен 30 дневен прекин на огнот во Дамаск и источна Гута во Сирија.

XS
SM
MD
LG