Достапни линкови

Мичел негира дека и носи пакет на Србија за Косово


Помошникот на амерканскиот државен секретар за Европа и Евроазија, Вес Мичел негира дека пристигнал на Балканот со пакет, во кој, администрацијата на претседателот Доналд Трамп има конкретен план за Србија и за Косово, кој ќе биде продолжување на пакетот на Ахтисари.

Мичел изјави дека причината за неговата посета на земјите од Западен Балкан не е некаков конкретен план, со кој ќе се постават услови на Србија, туку дека дошол за поддршка на плановите за заедничка иднина на Косово и на Србија во ЕУ. На прес конференција Мичел посочи дека на средбата со претседателот Хашим Тачи, зборувале и за безбедноста на Косово и соработката со САД.

Претседателот Хашим Тачи пак изјави дека дијалогот меѓу Косово и Србија ќе биде завршен според она што го предвидуваат Уставот и законите на Косово, а тоа нема да вклучува размена на територии.

XS
SM
MD
LG