Достапни линкови

Могерини побара од Украина да се справи со корупцијата


Шефицата за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини со украинскиот претседател Петро Порошенко

Шефицата за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини ја повика Украина да направи повеќе во борбата со корупцијата и да воспостави суд за антикорупција во согласност со препораките на независни експерти.

Могерини ја даде изјавата за време на посетата на Киев и по средбите со претседателот Петро Порошенко и премиерот Володимир Хројсман. Украинскиот Парламент на 1 март го помина првото читање на законот за воспоставување на суд за антикорупција. Порошенко изјави дека законот ќе биде усвоен на пролет.

XS
SM
MD
LG