Достапни линкови

Новинари протестираа против закани и притисоци


Протест на новинари пред Владата на РМ. Претседателот на ЗНМ, Насер Селмани се обраќа пред присутните.

Новинари денеска протестираа пред Владата поради заканите против претседателот на ЗНМ, Насер Селмани од страна на висок партиски функционер на коалицискиот партнер во Владата ДУИ, Бекир Асани.

Новинарите носеа транспаренти на кои беше испишано „Копилињата нема да стивнат“, „Слободните медиуми не може да бидат замолчени“, „Пајакот убива, зарем не?“. Селмани порача дека новинарите постојано се изложени на закани и притисоци исе спроведува цензура по телевизиите.

Претседателката на ССНМ, Тамара Чаусидис изјави дека нападот врз Насер е напад на сите новинари и побара полициска заштита за него и пристапување на Обвинителството. Протестите беа во организација на ССНМ.

XS
SM
MD
LG