Достапни линкови

И постаментот на Ќосето крева прашина на социјалните мрежи


Отстранување на постаментот на споменикот на Андон Лазов Јанев Ќосето
Отстранување на постаментот на споменикот на Андон Лазов Јанев Ќосето

Информацијата за отстранувањето на постаментот на Ќосето пред Судска палата, предизвикало многу коментари на социјалните мрежи. Луѓето коментираат и за корупцијата и за говорот на омраза.

Од „Талибанци на Балканот“, како што напишал Горан Петковски, па колнеж до „Седмо колено“, како што кратко постирал Горан Македонски Стрезовски и до пцовка што значи физички контакт со мајката на Дарко Мијакоски, како што коментирал Цане Златески – вакви се коментарите на нашата ФБ страница по информацијата дека во неделата е отстранет постаментот на споменикот на познатиот Ќосе пред Судска палата. А спомнатиот Дарко Мијакоски само запишал: „Одлично што го тргнаа, ама треба и затвор за тие што го поставија, а за преостанатите ќосиња да прочитаат малку литература за да разберат кој бил Ќосето па после да ќосуваат“.

Но затоа, се чини, на луѓето не им треба едукација за рак раната на нашево општество – корупцијата. Редовното неделно интервју е со поранешниот антикорупционер Драган Малиновски. Марјан Јошевски, со алузија на последните антикорупционери коишто поднесоа оставки откако ревизиите покажаа дека и тие дури злоупотребувале народни пари, вели: „Што сега да коментираш, оние кои се платени да ја штитат државата и народот од корупција – тие да ти биле корумпирани, и после се чудиме зошто ова ни се случува. До нас е“, заклучува Јошевски, „никој не ни е виновен, ниту странци ниту странски служби или некакви заговори против Македонија. Абе не нè бива, корумпирани сме до с’рж!“

Малиновски – Без ослободување на институциите нема разрешница за злоупотребите
please wait

No media source currently available

0:00 0:10:35 0:00

Живко Чавдаров со психолошка анализа: „Најзагрижувачко е сознанието дека борбата против корупцијата била свесно и смислено селективно доверена исклучиво на луѓе кои имаат генетска склоност кон корупција...“ Динка Јованова се потсмева на информацијата дека е уапсен советник во кабинетот на министерот Спасовски за оддавање државна тајна, не можејќи да се ослободи од својата фикс идеја за Сорос: „Хахаха, ептен државната тајна? Сите соросписки медиуми ја добиле со прецизни податоци за да ја објават?“ А потпишан со Петрулев ДП ѝ контрира: „МВР е полно со такви издаици, особено во Велес каде што половина се залутани во службата... Чисти до крај!“ – му порачува на министерот Спасовски. ЦР Македонски, пак, постирал: „Со министерот Спасовски нема повеќе МВРО-ВМРО, сите криминалци во Шутка, па макар биле и блиски соработници!“

И за Темата на неделата на нашево радио, говорот на омраза во социјалните мрежи, некои од посетителите на веб-страницата како да не разбираат што сè може да се изроди од него во светот станат глобално село токму со интернетот и социјалните мрежи каде што секој може да напише што сака и како сака. Нада Сагољ, на пример, смета дека „И рат не е лош“, како што напишала, а Зоран Урош ја напаѓа РСЕ токму со говор на омраза. Останува да се тешиме со постот на Сунчица Давидовиќ Павлова: „Ако има некој вишок деца нека си ги прати. Јас имам три сина и не ги родив да војуваат!!! На кој му е до војна, дома нека си пукаат еден во друг“.

Социјалните мрежи и говорот на омраза
please wait

No media source currently available

0:00 0:07:09 0:00

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG