Достапни линкови

ЕУ ги продолжи санкциите за руски претставници


Илустрација

ЕУ денеска официјално ги продолжи санкциите врз 150 руски државјани и проруски сепаратисти од источна Украина. Санкциите за прв пат беа воведени против лица кои беа вклучени во прекршување на територијалниот интегритет на Украина во 2014 година кога Русија изврши нелегална анексија на Крим.

Од тогаш санкциите се продолжуваат на секои шест месеци и вклучуваат замрзнување на имот и забрана за патување во земјите-членки на ЕУ. На листата се наоѓаат рускиот амбасадор во САД, Анатоли Антонов, рускиот вицепремиер Дмитри Рогозин, началникот на Генералштабот, Валери Герасимов и презентерот на државната телевизија Дмитриј Киселев.

XS
SM
MD
LG