Достапни линкови

Коѕијас умерен оптимист за решавање на спорот за името


Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас изјави дека потребна е промена на Уставот на Македонија за името да биде и за внатрешна и за меѓународна употреба, но и за да се избегнат идни обвинувања дека биле прекршени уставните одредби.

Тој во интервју за грчкиот весник „Документо“ порача дека е умерен оптимист и дека на двете страни сѐ уште им претстои многу работа. Според Коѕијас, решението не треба да биде „едниот да му го наметне неговото мислење на другиот“, туку во пакет договор што ќе ги содржи неопходните заемни компромиси.

XS
SM
MD
LG