Достапни линкови

Матис - Нема да биде мудро ако сириската армија користи бојни отрови


Архивска фотографија - Џејмс Матис, секретар за обрана на САД

Секретарот за одбрана на САД, Џим Матис, ја предупреди Сирија дека нема да биде мудро ако владините сили користат хемиско оружје. При посетата на Оман тој ја критикуваше и руската поддршка за Дамаск покрај извештаите дека силите на претседателот Башар ал Асад неодамна корителе боен гас хлорин при нападите во региониот источна Гута кој го контролираат бунтовниците.

Сириската влада ги отфрли наводите. Матис не се закани со одговор доколку се потврди дека сириските сили корителе ваков отров, но рече дека претседателот Доналд Трамп има целосен маневарски простор да донесе било каква одлука за која смета дека е соодветна.

Во април 2017 Трамп нареди ракетни напади против воздухопловна база на сириската армија откако Вашингтон излезе со став дека тој објект е користен за напади со сарин врз бунтовничките упоришта во градот Кан Шеикхун при што загинаа десетици цивили.

XS
SM
MD
LG