Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со меѓусебни обвинувања за економијата


Архивска фотографија-седиштето на ВМРО ДПМНЕ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на седница на Централниот комитет на партијата вчеравечер најавил дека во наредниот период ќе почне теренски средби со граѓаните низ целата држава, за да ги слушне нивните сугестии за потоа за нив да се понудат програмски решенија, соопштија од опозициската партија.

Тој и членовите на Централниот комитет оцениле дека на економски план државата тоне и се соочува со колапс и дека по девет месеци владеење, граѓаните се „сведоци на десетици лаги и неисполнети ветувања од предизборниот период“.

Во однос на економската состојба, членовите на ЦК заклучиле дека „неспособноста на СДСМ се рефлектира со катастрофални резултати кои одат на товар на граѓаните“.

“Порастот на бруто домашниот производ на крајот на годината не е ниту во позитива, што уште еднаш докажува дека Владата е заталкана и води погубни економски политики”, наведува ВМРО-ДПМНЕ.

Од СДСМ преку сооштение реагираа обвинувајќи ја ВМРО-ДПМНЕ дека “преку криминалното и расипничко владеење 11 години ги осиромашуваше граѓаните и ја уништуваше економијата”.

“Крвавиот четврток на 27 април организиран од ВМРО-ДПМНЕ и целиот амбиент на поделби и кофликт создаде несигурност и донесе економски крах.Со формирањето на реформската Владата предводена од СДСМ започна процес на спроведување реформи што ја движат економијата и ги санираат штетите од расипничкото, криминално и антидржавно владеење на ВМРО-ДПМНЕ” наведуваат од СДСМ.

XS
SM
MD
LG