Достапни линкови

Кина ги укина ограничувањата на мандатот на претседателот


Архивска фотографија-претседателот на Кина Кси Џинпинг аплаудира на затворањето на 19-от конгрес на Комунистичката партија

Кинескиот парламент денеска го измени уставниот амандман со кој се ограничува претседателскиот мандат со што се отвори можност претседателот Кси Џинпинг да остане на функцијата неодредено време. На седницата на Националниот народен конгрес, на кој право на глас имаат 3000 делегати, против ваквите измени гласале двајца, а тројца биле отсутни.

Актуелниот закон му дозволуваше на претседателот два мандата од по пет години. Ваквите уставни амандмани беа донесени од поранешниот кинески лидер Денг Сјаопинг во 1982 година за да се оневозможи враќање на диктатурата на Мао Цетунг.

Сегашниот долго очекуван потег наиде на критики од Кинезите кои живеат надвор од земјата, а на Универзитетот Калифорнија во Сан Диего се појави постери со ликот на Кси на кој пишува “никогаш мој претседател”.

XS
SM
MD
LG