Достапни линкови

Села повторно избран за претседател на Алијансата за Албанците


Архивска фотографија-Зијадин Села, претседател на Алијансата за Албанците

Зијадин Села денеска повторно е избран за претседател на Алијансата на Албанците. На конгресот во Тетово, од присутните 607 делегати, 606 гласаа за Села, а еден гласаше против.

На конгресот беа донесени и статутот на партијата, платформата и резолуцијата на партијата, која во себе содржи барање до Владата за промена на Уставот, за албанскиот јазик да биде еднаков со македонскиот јазик. Најжестока дебата на конгресот предизвика барањето за промена на статутот на партијата.

Во својот говор старо-новиот претседател на партијата Села се фокусираше на интеграциите на земјата посочувајќи дека 99 отсто од Албанците се за интегрирање на земјата во НАТО и ЕУ. Села упати критики до Владата, за која кажа дека поддршката што тие и ја дале ја злоупотребила само за да добие повеќе албански гласови.

XS
SM
MD
LG