Достапни линкови

Мерки на претпазливост за осомничениот функционер на МВР


Архивска фотографија- зградата на Јавното обвинителство на Република Македонија

Основното јавно обвинителство Скопје попладнево информираше дека постапува по кривичната пријава против едно лице поднесена од Министерството за внатрешни работи и дека надлежен јавен обвинител оценувајќи дека се исполнети законските услови до судија на предходна постапка поднел предлог за определување на мерки на претпазливост. Од обвинителството објаснуваат дека под такви мерки спаѓаат забрана за напуштање на живеалиште односно престојувалиште, задолжително јавување пред надлежен орган, привремено одземање на патна исправа, забрана за издавање на нова патна исправа и забрана за преземање одредени работни активности што се поврзани со кривичното дело.

“Судот го прифати предлогот на обвинителството и на осомничениот со Решение му ги изрече бараните мерки” соопштија од обвинителството.

Од таму информираат и дека осомничениот се товари дека ја злоупотребил својата работна позиција за спречување на службено дејствие и со тоа сторил кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 од Кривичниот законик.

Претходно од Министерството за внатрешни работи соопштија дека државниот советник за полициски и криминалистички работи во кабинетот на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, пријавениот Д.С. оддал службена тајна, конкретно дека на лице кое било под посебни истражни мерки го предупредил да внимава што прави. Со тоа, како што велат од МВР, постоисомнение за сторено кривично дело предвидено и казниво по член 353 од КЗ "Злоупотреба на службена положба и овластување".

XS
SM
MD
LG