Достапни линкови

Албанија-власта и опозицијата се расправаат кој бил финансиран од Русите


Архивска фотографија-премиерот на Албанија Еди Рама

Албанскиот премиер Еди Рама реагираше по пишувањето на американското списание „Мадр Џонс“ дека лобирањето на албанската опозициска демократска партија го финансирала руска компанија, што го пренесоа и албанските медиуми. Тој упати критики на адреса на опозициската Демократска партија, која како што се пишува „Русите ја финансирале за време на последните избори“.

“Оваа историја не може така да се затвори. Барам од Јавното обвинителство да поведени обвинение, со цел целосно расветлување”, напиша Рама на својот профил на Фејсбук.

Според албанските медиуми, кои се повикуваат на „Мадр Џонс“, поранешниот офицер на КГБ, Евгениј Шерементјев преку наводно непостоечка компанија „Биниата Транде“ во САД уплатил милион долари на сметката на американскиот лобист Ник Музин во корист на албанските демократи за време на ланските јунски парламентарни избори. Демократскот лидер Љуљзим Баша веднаш ги демантираше ваквите информации, тврдејќи дека не ја познава спомената компанијата.

“Руската опасност доаѓа од Рама. Ова што го прави не е ништо друго, тука обид да се отргне вниманието на јавноста од катастрофалното владеење на Владата”, рече Баша.

XS
SM
MD
LG