Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ прашува за кого земал поткуп соработникот на Спасовски


Архивска фотографија-седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

Министерството за внатрешни работи наместо да се бори со криминалот и корупцијата, стана дувло кое служи за собирање изнуда, поткуп и заштита на криминалот, реагираа денеска од опозиската ВМРО-ДПМНЕ по информацијата за приведувањето на Д.С.,советник во кабинетот на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

“Јавноста ја интересираат одговорите од кого и за кого собирал пари соработникот на Оливер Спасовски? Дали тој бил линк со одредени криминални структури со кои што Оливер Спасовски се фотографираше во предизборниот период? Дали заради тоа соработникот на Оливер Спасовски како човек од доверба беше номиниран во повеќе комисии во Министерството за внатрешни работи?” рече на прес конференција Орце Ѓорѓиевски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој праша и уште колку случаи на земање поткуп билесторени претходно, а полицијата замижувала и кој го штител досега и за кого ги собирал парите.

Министерството за внатрешни работи пак соопшти дека пријавениот Д.С. оддал службена тајна сооштувајќи му на лице кое е под посебни истражни мерки дека над него се спроведуваат истите. Поради тоа, како што рече Спасовски, постоело сомнение за сторено кривично дело предвидено и казниво по член 353 од КЗ "Злоупотреба на службена положба и овластување".

XS
SM
MD
LG