Достапни линкови

САД - нема зголемени царини ако членките вложуваат во НАТО


Архивска фотографија-државниот секретар на САД за финансии Стивен Мнучин

Соединетите Американски Држави може да се воздржат од зголемување на царините за челикот и алуминиумот за земјите членки на НАТО, ако тие го зголемат своето финансиско учество во Алијансата. Американскиот секретар за финансии Стивен Мнучин синоќа изјави дека претседателот Доналд Трамп ќе ја земе предвид националната безбедност кога ќе одлучува кои земји ќе бидат изземени од царините. Тој посочи дека Трамп сака да види повеќе трошење на одбраната од страна на НАТО сојузниците односно секоја да ја достигне целта да учествува во финансирањето на одбраната со по 2 отсто од бруто домашниот производ.

„Ние трошиме 4 отсто од БДП, а многу од нашите сојузници трошат еден отсто од БДП и не ја остваруваат обврската тоа да го подигнат на 2 отсто, така што нашиот претседател е многу јасен... Ако сме во НАТО, тој сака да биде сигурен дека НАТО ќе добива повеќе пари со што НАТО ќе може да нè штити сите и да ја исполни својата цел“ изјави Мнучин во интервју за телевизијата НЦБС.

Трамп претходно посочи дека засегнатоста за националната безбедност е причината за воведувањето на 25 отсто царина за увоз на челик и 10 отсто за увоз на алуминиум во САД. Тој изјави дека досегашниот увоз ја „убива“ американската индустрија и дека нацијата која сака да се брани себе си мора да има жив металски сектор кој ќе биде способен да ги снабдува произведувачите на оружје. Трамп како нефер пример во оваа насока ја посочи Германија која има суфицит во трговијата со САД, а во финансирањето на НАТО не достигнува до 2 проценти од БДП.

XS
SM
MD
LG