Достапни линкови

Во Злокуќани ќе се гради новиот Клинички центар


Министерот за здравство Венко Филипче во посета на Детската клиника

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција најави дека новиот Клинички центар ќе се гради во Злокуќани. Тој порача и дека во близина на специјалната болница во Бардовци, се планирани и медицински факултет, истражувачки центар и кампус за сместување на студенти по медицина.

Според него, тоа ќе биде мал медицински град со лесен пристап за сите граѓани. Одлуката за дислокација, како што наведе Филипче, е донесена по широки консултации со лекарите, архитектите и граѓаните. Изградбата на новиот Клинички центар се очекува да почне за година и пол, а да трае четири до пет години.

XS
SM
MD
LG