Достапни линкови

Балканот се соочува со засилен таен и отворен притисок од Русија


Командантот на американските воени сили во Европа, генерал Кертис Скапароти

Командантот на американските воени сили во Европа, генерал Кертис Скапароти, предупреди дека Балканот се соочува со засилен таен и отворен притисок од Русија и дека Вашингтон и НАТО треба да сторат повеќе за да спречат дестабилизација во регионот. Тој пред сенатската комисија за вооружените сили денеска рече дека САД не излегле со ефективен одговор на руските компјутерски закани. Скапароти, кој исто така е и главен командант на силите на НАТО, рече дека Балканот е област за која е загрижен кога се зборува за новите закани од Русија.

XS
SM
MD
LG