Достапни линкови

Земан го почна вториот мандат како претседател на Чешка


Милош Земан денеска положи свечена заклетва за неговиот втор мандат како претседател на Чешка. Поранешниот комунист со проруски и антимигрантски ставови ја положи заклетвата за заедничка седница на двата дома на парламентот во Прашкиот замок. Прв пат беше избран во 2013 година, а на изборите во јануари повторно победи. Според чешкиот устав, нема да има можност да се кандидира за трет мандат.

Земан предизвика контроверзии за време на неговиот мандат со изјавите за омаловажување на муслиманите и со поддршката за Русија и нејзиниот претседател Владимир Путин во услови на влошување на односите меѓу Москва и Западот поради руската агресија во Украина.

XS
SM
MD
LG