Достапни линкови

Грузискиот претседател се заложи за зачувување на визната либерализација


Грузискиот претседател Гиорги Маргвелашвили со претседателот на Европскиот совет Доналд Туск

Грузискиот претседател Гиорги Маргвелашвили изјави дека властите се подготвени да направат повеќе чекори со цел да го зачуваат правото на визна либерализација. Тој по средбата со претседателот на Европскиот совет Доналд Туск во Брисел порача дека Грузија презема активна и одговорна позиција во секое прашање кое било покренато од партнерите на земјата и ќе направи се да има поефективна и функционална долготрајна соработка.

Министрите за внатрешни работи на ЕУ денеска разговараат за загриженоста околу злоупотребата на Грузија на системот за визна либерализација, бидејќи Германија и Шведска пријавиле неколку стотина апликации за азил од земјата откако мерката стапи на сила во март, минатата година.

XS
SM
MD
LG