Достапни линкови

Либерланд отвори претставништво во Белград


Архива: Самопрогласениот претседател на Либерланд Вит Једличка.

Самопрогласената мини држава Либерланд којашто ја фомираше Чехот Вит Једличка на „ничија земја“ меѓу Хрвтска и Србија, денеска го отвори своето претставништво во Белград.

Једличка истакна дека целта на неговата „држава“ е да биде фактор за поврзување на народите и се надева дека претставништвото ќе привлече повеќе луѓе да дојдат во Србија и во Либерланд.

Једличка изрази задоволство што српското Министерство за надворешни работи има позитивно мислење за Либерланд од самиот почеток, за разлика од Хрватска.

„Хрватска мисли дека сме некаква шега, виц. Многу е забавно да создадеш нова држава, но ние не сме шега и ќе го докажеме тоа“, изјави Једличка на прес-конференцијата по повод отворањето на претставништвото, пренесува МИА. Тој рече дека голем број луѓе посакале да побараат државјанство во Либерланд.

Једличка на 13 април 2015 година прогласи создавање на „Слободна Република Либерланд", која се наоѓа на остров на реката Дунав меѓу Србија и Хрватска со површина од седум километри квадратни.

XS
SM
MD
LG