Достапни линкови

Поради спорот меѓу Србија и Косово доцнат дигиталните часовници во Европа


Илустрација.

Поради намалување на фреквенцијата во европската електрична мрежа, многу дигитални часовници во Европа доцнат, соопшти денеска Европската аоцијација на операторите на електродистрибутивните мрежи.

Според Асоцијацијата со седиште во Брисел, причина за отстапувањето од стандарната фреквенција на струјата во Европа од 50 херци е недоволното снадување со електрична енергија од реонот на Косово и Србија што е предизвикано од политичкиот спор меѓу двете земји, a станува збор за недостиг на струја од 113 гигават часови.

Асоцијацијата посочува дека овој проблем започнал кон средината на јануари и досега е проширен на 25 европски држави од Португалија до Полска и од Грција до Германија.

Поради намалувањето на фреквенцијата на струјата електричните часовници доцнат по околу шест минути, се наведува во соопштението.

XS
SM
MD
LG