Достапни линкови

Британската полиција: Случајот Скрипал - обид за убиство со нервен гас


Архива: Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија.

Британската полиција соопшти дека инцидентот во југозападниот град Солсбери се третира како обид за убиство на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал со нервен гас.

Британската полиција за борба против тероризмот ја презеде истрагата за ненадејната и тешка болест на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка.

До ова доаѓа откако Би Би Си цитираше роднини на Скрипал, велејќи дека некои членови на неговото семејство починале во последниве години под мистериозни околности.

Синот на Скрипал, Сергеј, 44 години, почина при посетата на Русија во минатата година од непозната болест, објави „Тајмс“, додека „Гардијан“ објави дека неговата сопруга починала од рак кратко по нејзиното пристигнување во Британија во 2012 година.

XS
SM
MD
LG