Достапни линкови

Анѓушев-Емилиевич: Зголемена економска соработка меѓу Македонија и Полска


Вицепремиерот Кочо Анѓушев и полската министерка за претприемништво и технологии Јадвига Емилиевич.

Економската соработка меѓу Македонија и Полска се движи во нагорна линија, увозот и извозот се зголемуваат, но економските односи уште повеќе ќе се интензивираат со воспоставувањето на директната авиолинија Скопје - Варшава од јуни 2018 година, како и со сезонската линија Варшава - Охрид во летниот период, истакнаа вицепремиерот Кочо Анѓушев и полската министерка за претприемништво и технологии Јaдвига Емилиевич на средба во Варшава, соопшти владиниот кабинет.

Анѓушев информира дека Владата на Македонија ја донесе среднорочната Програма за поддршка на иновации со која ќе се даде голема поддршка за малите и средните компании, а оти во процедура е и Законот за финансиска поддршка на инвестициите со кој ќе се поддржат нови инвестиции, технолошки развој и отворање на нови работни места во македонските компании.

Министерката Емилиевич посочи дека и Владата на Полска работи на имплементација на мерки за раст и развој на полската економија кои, како што рече, базираат на поддршка на истражувањето и развојот. Целта на оваа политика е растот на економијата да се базира на технолошки развој, а не на користење евтината работна сила.

Тие истакнаа дека за поинтензивни економски односи меѓу Македонија и Полска, потребна е поголема соработка меѓу стопанските комори во двете земји.

XS
SM
MD
LG