Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ: Владата оваа година ја задолжи земјата за 545 милиони евра


Седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

Во првите два месеца од 2018 година Владата успеа да ја задолжи Македонија за дополнителни 545 милиони евра или во просек секое семејство го задолжи за дополнителни 1.000 евра, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму наведуваат дека повеќе загрижува фактот дека овие пари со кои што ја задолжи Република Македонија, не се вложени во развојни проекти, како би гарантирале поврат на истото задолжување на среден и на долг рок.

Во однос на растот на БДП, од ВМРО-ДПМНЕ велат дека во првите три квартала од 2017-тата година растот на БДП во Македонија е на ниво минус 0,4 проценти.

XS
SM
MD
LG