Достапни линкови

Специјалисти: Маслото од канабис бележи позитивно влијание


Илустрација.

Употребата на канабисот, односно канабоилот, во светски рамки укажуваат на тоа дека навистина супстанцата која што е екстрахирана и која што делува на мозочните ЦеБе1 и ЦеБе2 рецептори, има позитивно влијание дури и кај децата, истакна Д-р Аспазија Софијанова - специјалист педијатар на денешната научна расправа организирана од Здружението „Билка“ и Кино Култура, посочи дека

„Маслото од канабис, канабоилот, како супстанца која има одредено дејство врз централниот нервен систем кај одредена патологија што се јавува кај децата како рефлактерни епилепсии, хипоксични семични цефалопатии или тешки аксфиксии каде што се очекува оштетување на мозокот и спречување на секундарна повреда на мозокот и нормално кај децата со спектарот на аутизам, при светските испитувања забалежа позитивно влијание“, нагласи Софијанова.

Д-р Нико Беќаровски - специјалист токсиколог, наведе дека како дел од Здружението на токсиколози, бил меѓу првите во земјава кои се залагале за легализација на марихуаната за медицинска употреба, посочувајќи дека таквата одлука покажала позитивни резултати.

„Веднаш да напоменам дека од законското решение не сум задоволен, секако дека ќе се борам и понатаму, право за измена на индикационото подрачје, а понатаму во однос на измена на тоа кој може се да препишува со оглед на тоа дека нашиот закон е премногу рестриктивен“, нагласи Беќаровски.

XS
SM
MD
LG