Достапни линкови

ЕУ се закани со одговор на тарифите за увоз кои ги најави Трамп


Европскиот комесар за трговија Сесилија Малмстром

Европската комисија соопшти дека ЕУ ќе преземе трикратен пристап, вклучувајќи дополнителни тарифи на одредени американски производи и правни дејствија доколку претседателот на САД, Доналд Трамп ги реализира најавите за воведување на нови тарифи за увоз на челик и алуминиум.

Европскиот комесар за трговија Сесилија Малмстром изјави дека ЕК се надева оти ќе ја убеди американската администрација дека тоа не е правилниот чекор. Според неа, со таквите мерки ќе се стават во опасност илјадници работни места во ЕУ и затоа е потребен цврст и пропорционален одговор.

XS
SM
MD
LG