Достапни линкови

Пападимулис: Меѓународен договор за името со надуставна сила


Премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас на средба за време на Светскиот економски форум во Давос

Потпретседателот на Европскиот парламент и шеф на еврогрупата на СИРИЗА, Димитрис Пападимулис изјави дека најдобриот начин да се постигне решение за македонското прашање е да ја завршат Времената спогодба од 1995 со меѓународен договор со надуставна сила.

Во изјава за радиото 247, тој како пример го споменува Лозанскиот договор. Според него, треба да се постигне договор за сложено име, ерга омнес, односно за севкупна употреба и да се напушти секаков вид на иредентизам, кој ќе се замени со спогодба за пријателство и соработка меѓу двете земји втемелена во меѓународен договор кој ќе има гаранции и потпис од Европската унија, и од ОН итн.

Меѓународниот договор со гаранции, како што наведува, има надуставни карактеристики и е обврзувачки.

XS
SM
MD
LG