Достапни линкови

Уште една оставка во Антикорупциска, Владата го поздрави таквиот чекор


Претседателот на ДКСК, Игор Тантуровски кој вчера поднесе оставка

Членот на Државната комисија за спречување на корупција, Жаклина Дамчевска денеска поднесе оставка од функцијата. Претходно оставка поднесоа и претседателот на ДКСК, Игор Тантуровски како и нејзиниот член, Горан Миленков.

Тие се повлекоа од функциите откако беше објавен ревизорскиот извештај во кој се наведени сомневања за исплата на фиктивни патни налози и трошења на буџетски пари. Јавното обвинителство отвори истрага за наводите на ревизорите.

Портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски го поздрави таквиот чекор на антикорупционерите и порача дека е добро што дошло време да се поднесуваат оставки од морални причини.

XS
SM
MD
LG