Достапни линкови

Николовски и Љајиќ на средба за проблемот со брашното


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и српскиот министер за трговија Расим Љајиќ денеска во 14 часот ќе остварат средба на која ќе стане збор за изнаоѓање на решение за проблемот со брашното.

Љајиќ најави дека Србија ќе воведе контрамерки доколку не биде постигнат договор. Николовски посочи дека прифатлива опција е контролните маркички за увоз на еден, два и пет килограми брашно да се лепат во Србија, а за пакувањата со 25 и 50 килограми во Македонија согласно новиот Правилник.

XS
SM
MD
LG