Достапни линкови

Џафери им даде рок од една недела на партиите за Законот за јазиците


Претседателот на Собранието, Талат Џафери

Претседателот на Собранието, Талат Џафери им даде една недела на политичките партии да најдат решение за Законот за употреба на јазиците, затоа што можностите што тој ги имал се исцрпени.

Тој во емисијата „200“ на телевизијата Алсат рече дека е подготвен да закаже уште една седница на која директно ќе се гласа за донесување на Законот за употреба на јазиците без притоа да се прифати разгледување на 35-те илјади амандмани кои ги поднесе ВМРО-ДПМНЕ.

Според Џафери, ВМРО-ДПМНЕ ќе има право на процедурална забелешка. Тој предупреди дека Собранието не смее да биде заложник за никого. Вчера не дошло до решение за амандманите, бидејќи, како што наведе тој, некои од пратениците на СДСМ се изјасниле дека нема да гласаат за законот.

XS
SM
MD
LG