Достапни линкови

По одбиен азил од Франција вратени 178 албански граѓани


Поголема група албански граѓани денеска од Франција се вратени во Албанија, откако тамошните власти им го одбиле барањето за азил. Од Минстертвото за внатрешни работи во Тирана потврдуваат дека станува збор за 178 албански државјани, кои се транспортирани со авонски лет, овозможен од фрацуската канцеларија за миграција и интеграција. Од министерството додаваат дека други летови на доброволна или принудна реадмисија на албански граѓани ќе има и следната недела од граничната полиција во соработка со ФРОНТЕКС и земјите на дестинација. Само во првите два месеца од годинава реализирани се 156 акции на реадмисија, при што назад, во Албанија се вратени 1.044 албански државјани, главно од Франција и од Германија.

XS
SM
MD
LG