Достапни линкови

Уште еден соработник на Трамп вклучен во истрагата на Мулер


Уште еден поранешен советник во кампањата на Доналд Трамп се најде во центарот на медиумите одговарајќи преку интервјуа на судската покана на специјалниот советник за руското мешање во претседателските избори во САД, Роберт Мулер.

Сем Нунберг, кој му помагаше на Доналд Трамп во лансирање на претседателската кампања во серијата интервјуа за американски телевизии, најпрво кажа дека нема да одговори на судската покана за сведочење која ја добил од Мулер.

Нунберг истрагата ја нарече лов на вештерки, како што вообичаено ја нарекува Трамп, и му порача на Мулер да го уапси доколку сака.

XS
SM
MD
LG