Достапни линкови

Најмалку 30 мртви во пад на камион во Индија


Најмалку 30 лица, претежно жени и деца загинале во западна Индија кога камионот во кој се превезувале паднал. Според првичните наоди во истрагата, возачот изгубил контрола над камионот на еден мостот во државата Гуџарат, по што камионот паднал во исушено речно корито. Полицијата наведе дека во камионот имало 60 лица. Индиските патишта остануваат меѓу најопасните на светот и секоја година во сообраќајни несреќи животот го губат повеќе од 150 илјади лица. Причините се лошиот квалитет на патиштата како и неодржувањето на возилата и невниманието на возачите.

XS
SM
MD
LG