Достапни линкови

Претседателот на Антикорупциска поднесе оставка


Игор Тантуровски

Претседателот на Државната комисија за спречување на корупција, Игор Тантуровски поднесе оставка од функцијата. Оставката Тантуровски ја доставил до Собранието.

Вчера оставка од ДКСК поднесе и нејзиниот член Горан Миленков. Обвинителството пред некој ден отвори истрага по објавениот ревизорски извештај на УЈП за работата на членовите на ДКСК. Во извештајот се наведени сомневања за исплата на фиктивни патни налози и трошења на буџетски пари. Тантуровски ги негираше наводи на ревизорите и рече дека не планира да поднесе оставка.

XS
SM
MD
LG