Достапни линкови

Ременски избрана за претседател на Буџетскиот совет на Собранието


За претседател на Буџетскиот совет на Собранието на РМ е избрана Фросина Ташевска Ременски

Собранието во продолжението на 35-та седница денеска именуваше членови и заменици-членови на повеќе собраниски комисии и други тела.

За претседател на Буџетскиот совет на Собранието на РМ е избрана Фросина Ташевска Ременски, а нејзин заменик член е Лилјана Кузмановска. Ова тело има девет членови.

Пратениците пред Собранието ги изнесоа предлозите на законските измени и дополнувања во прво читање со кои се врши усогласување со Законот за јавна администрација, а за нив ќе се изјаснат на 12 март, за кога е закажано и продолжението на 35-та седница.

На денешната седница не беа присутни пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

XS
SM
MD
LG