Достапни линкови

Ристовски очекува оставки од членови на Советот на јавни обвинители


Архивска фотографија Седница на Совет на јавни обвинители

Заменик-министерот за правда Оливер Ристовски изјави дека е запознаен со случајот во Советот на јавни обвинители, каде што постојат сомневања за судир на интереси и непотизам, и оти лично поради морални причини очекува оставка од обвинителите кои не се иззеле кога требало да гласаат.

"Нема да се мешам во работата на Советот на обвинители, знам што се случи на таа седница, сега останува на нив. Тоа треба нив да ги прашате, дали ќе има некои промени лични. Од морален аспект јас сметам лично дека треба да си поднесат оставка. Ако мене ме прашувате, не, нема потреба од сите членови. Се знае за кого се однесуваше тоа, одговори Ристовски на новинарско прашање дали има непотизам и судир на интереси во Советот на јавни обвинители.

Претседателот на Советот на обвинители, Коле Штерјев, денеска не сакаше да одговори за спорниот избор на две обвинителки во Советот. и рече дека во текот на неделата ќе свика прес-конференција

За последните одлуки во Советот за јавни обвинители критики имаше и од американскиот амбасадор во земјава Џес Бејли.

Во врска со статусот на СЈО пак Ристовски рече дека тоа нема да се реши до јуни, како што очекува специјалната обвинителка Катица Јанева, туку во стратегијата за судски реформи, зацртано е тоа да се случи на крајот на оваа година.

Ристовски рече дека предвидено е СЈО да биде со статус под Јавниот обвинител на Македонија, но тоа да може самостојно да настапува пред трите судски инстанци, Основниот суд, Апелацискиот суд и Врховниот суд.

XS
SM
MD
LG